Friday, December 13, 2024
7.8 C
Skopje

МАРКОВ : БУЏЕТОТ Е КЛУЧЕН ЧЕКОР ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ФИСКАЛНАТА СТАБИЛНОСТ И НОСИ РЕШЕНИЕ ЗА ХАОС ОСТАВЕН ОД ПРЕТХОДНАТА ВЛАСТ

Денес на собраниската Комисијата за финансирање и буџет, на која се расправа Предлог- буџетот за 2025 година, се обрати пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Петар Марков, кој посочи дека овој буџет е клучен чекор за државата кој ќе обезбеди постојан раст и развој ,и е резултат на детална анализа ,со што ќе се овозможи живот во едно напредно општество.

Тој во неговото излагање наведе дека ќе се обрати не само како пратеник туку и како граѓанин на Македонија и како даночен обврзник, кој работи и придонесува во заедницата, па нагласи кои позитивни мерки и проекти треба да се продолжат за подобрување на животот и стандардот на граѓаните.

„Овој буџет е клучен чекор за подобрување на фискалната стабилност на нашата држава за обезбедување на потребните средства за реализација на владините приоритети, со овој буџет се осигуруваме дека државата ќе ги исполни своите обврски кон граѓаните и ќе обезбеди континуиран економски раст и развој“, изјави Марков.

Тој  се осврна и на тоа во каква ситуација е оставен државниот буџет од претходната власт, дека е доведен до една катастрофална состојба, а сето тоа поради несовесното планирање и неконтролирано трошење на претходната власт, без реални инвестиции.

„Опозицијата, која до неодамна беше на власт, покажа неспособност во управувањето со државната каса. Тие кои цел живот живеат на државен грб, сега ни предаваат за економијата и фискалните правила. Тие не разбираат дека реалниот сектор е клучен за економскиот напредок, дека треба да се гради, произведува и да се создава додадена вредност“, посочи Марков.
Пратеникот потенцираше кои области ќе бидат во фокусот на буџетот, и дека  ќе се обезбедат средства за исполнување на сите обврски во новата фискална година, покачени плати во здравството, образованието, дека најголем дел од планираните средства ќе бидат наменети  за финансирање на здравствените услуги и исплата на обврски на јавните здравствени установи.
„Буџетот за 2025 година е фокусиран на имплементација на капитални инвестиции исклучиво за продуктивни проекти: инфраструктурни и енергетски проекти кои ќе бидат во функција на бизнис секторот, капитални проекти од комунална и друга локална инфраструктура за подобрување на општите услови за живот на граѓаните (подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството и заштитата на животната средина), стратешко планирање на големите инфраструктурни проекти, како и зголемен износ на капитални инвестиции со значајно подобрена структура и значителен износ на средства како капитален трансфер за општините“, рече Марков.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ