Saturday, July 12, 2025
24.8 C
Skopje

МАРКОВСКА ИЛИЕВСКА: СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈАТА НЕМА ДА УЧЕСТВУВА ВО ЈАВНИОТ ЛИНЧ НА ЖЕНАТА ОДНОСНО ЧЛЕНОТ НА УПРАВНИОТ ОДБОР ВО ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА

Анета Марковска Илиевска, советник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Советот на Град Скопје на денешната вонредна седница посочи дека претседателот на Управниот одбор на Комунална хигиена ги открил нерегуларностите во работењето како и прекршување на акти во ЈП Комунална хигиена.

Таа во врска со ова порача дека поради разоткривање на сето ова одредени лица се нервозни и затоа сакаат да ги сокријат трагите отколку да излезе вистината.

– Во меѓувреме ги добивме заклучоците донесени на последната седница на Управниот одбор на Комунална хигиена Скопје и можеме да заклучиме дека работата на претседателот на Управен одбор на Комунална хигиена директно доведе до откривање на нерегуларности во работењето на Комунална хигиена како и прекршување на многу акти. Практично тоа е и целата хистерија којашто во моментов ја гледаме и претходно на Советот во Град Скопје. Некои очигледно се држат повеќе да се сокријат трагите отколку да излезе вистината на виделина, а вистината боли, порача Марковска Илиевска.

Таа во текот на своето обраќање укажа дека Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата нема да учествува во понатамошната работа на седницата на Советот,со цел да не учествува во јавниот линч на жената односно членот на Управниот одбор и навредите кон членовите.

– Затоа очекувам дека јавниот линч кон лицето претседател на Управен одбор или член на Управен одбор уште не знаеме за што ќе гласаме, очекувам дека во текот на седницата ќе биде изложен на уште поголем јавен линч. Оттука ве известувам дека Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата нема да учествува во понатамошната работа на седницата на Советот, со цел да не учествува во јавниот линч на жената односно членот на Управниот одбор и навредите кон членовите, додаде Марковска Илиевска.

ОВАА НЕДЕЛА

ТАЈВАН ИСТРЕЛА АМЕРКАНСКИ РАКЕТИ ХИМАРС ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЖБА

Тајванските вооружени сили денеска почнаа да користат едно од...

КУНОВСКА РАЗМИСЛУВА ЗА „НЕЗАВИСНА“ КАНДИДАТУРА ЗА ЦЕНТАР НО ПРИФАЌА И ПОДДРШКИ ОД ПАРТИИ

Софија Куновска, долгогодишен активен член, советник и пратеник од...

МИЛОШОСКИ: ИНФРАСТРУКТУРНИТЕ ПРОЕКТИ НИЗ ДРЖАВАТА ПОМАГААТ ВО РАЗВОЈ НА ЕКОНОМИЈАТА

Прес-конференција на Антонио Милошоски, пратеник и член на ИК...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ