Monday, December 2, 2024
5.8 C
Skopje

МАРКОВСКА ИЛИЕВСКА : СДС И ДУИ 7 ГОДИНИ НЕ ПРЕЗЕМАА НИШТО ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО, ВЛАДАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ПРЕЗЕМЕ МЕРКИ ЗА ЕФЕКТИВНО НАМАЛУВАЊЕ НА СРЕДЕН РОК

Прес-конференција на Анета Марковска Илиевска, советник во Совет на Град Скопје.

7 години влаcта на СДС и ДУИ не презема ништо за намалување на загаденоста на воздухот. 7 години нивото на загаденост на воздухот, не само што не се намали, туку и се зголеми.

Тие кои што не направија ништо за подобрување на квалитетот на воздухот, сега глумат душегрижници.

СДС треба да знаат дека за разлика од нив, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе преземе сериозни мерки за намалување на загадувањето на воздухот.

Ќе се воведат строги ограничувања за најштетните извори на енергија и ќе се контролираат најголемите индустриски загадувачи.

Владата ќе обезбеди субвенции за граѓаните и фирмите кои ќе користат чисти енергетски решенија. Таквата пракса веќе почна со субвенциите за инвертер клими.

Владата ќе започне програма за масовно пошумување и засилено чистење на јавните простори.

Овие мерки покрај забрзаната гасификација која ја најави премиерот и когенеративната централа, ќе значат намалување на загаденоста на воздухот на среден рок и ќе обезбедат почиста животна средина.

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ