Friday, December 13, 2024
7.8 C
Skopje

МАРКОВСКА ИЛИЕВСКА : ПРИЧИНАТА ЗА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУ ХИМА ИМЕ И ПРЕЗИМЕ – СДС И ДУИ, ВЛАДАТА ЌЕ ПРЕЗЕМЕ МЕРКИ ЗА СИСТЕМАТСКО РЕШЕНИЕ ПРЕКУ ИЗГРАДБА НА ГАСНО КОГЕНЕРАТИВНА ЦЕНТРАЛА

Прес-конференција на Анета Марковска Илиевска, советник во Совет на Град Скопје.

Почитувани,

7 години власта на СДС и ДУИ не мрдна со прст во однос на загадувањето на воздухот во Скопје.

Скопје се гуши подолг период, а последните скоро една деценија градот е на врвот на листите на градови со најзагаден воздух, рамо до рамо до Мумбаи, Киншаса или други градови од по десетици милиони жители од делови на Африка и Азија.

СДС во 2017 година дојде на власт со ветување дека ќе го исчисти воздухот во Скопје. Тогашниот лидер на СДС на партиски митинг во Аеродром на цел глас велеше ајродром, ајро, ајро. 7 години подоцна Скопје никогаш не било со позагаден воздух.

7 години се доволен период за ако почнат да се преземаат мерки за намалување на загадувањето, тие и да вродат со плод.

Проблемот е што 7 години ништо не е преземено. А тие што 7 години имаа можност да преземат нешто и да го намалат загадувањето, сега се најгласни во хипокризијата.

Причината за загадениот воздух има име и презиме, и тоа е СДС и ДУИ.

Почитувани,

Клучот е во системското делување и во големите вложувања во заштита на животната средина кои ќе ги исклучат главните фактори на загадување.

Во таа насока владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе преземе големи системски мерки кои ќе придонесат за намалување на загаденоста на воздухот, спроведување на детален план кој ќе резултира со чист воздух и здрава животна средина.

Главен столб во тој план е и стратешка инвестиција на гасна когенеративна централа, која ќе обезбеди топлинска енергија со значително и драстично намалување на загаденоста, и електрична енергија која ќе се користи во стопанството.

Владата за таа намена како што најави премиерот Мицкоски ќе даде значителни субвенции кои ја поттикнат изградбата на централата.

Промените се случуваат и ќе резултираат со почиста животна средина и почист воздух. Решението нема да дојде за 1 годинa, но во период од еден ипол мандат тоа и како ќе биде приметливо и ефективно.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ