Saturday, July 12, 2025
29.8 C
Skopje

МАРКОВСКА-ИЛИЕВСКА: ПОГРЕШЕН ВИ Е ДНЕВНИОТ РЕД-СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ НЕ МОЖЕ ДА ГО РАЗРЕШИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ

Анета Марковска Илиевска, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје на денешната вонредна седница посочи дека погрешен бил дневниот ред на седницата затоа што претседател на Управен одбор на ЈП Комунална Хигиена – Скопје не може да го разреши Советот, туку него го разрешуваат членовите на Управниот одбор.

-Во поканата со дневен ред е наведено предлог одлука за разрешување на претседател на Управен одбор на ЈП Комунална Хигиена-Скопје, а одлуката е одлука за разрешување на член на Управниот одбор на јавното претпријатие Комунална Хигиена-Скопје.

Ако можам да заклучам дека погрешен ви е дневниот ред, од причина што претседател на Управен одбор го избира Управниот одбор, а не Советот, Советот ги избира членовите на управниот одбор, рече таа.

Марковска Илиевска посочи дека не гласала за денешниот дневен ред на затоа што не може да се разреши претседател за кој се нема основ да биде разрешен.

-И од таа причина не гласав за денешниот дневен ред на седницата бидејќи навистина сум збунета дали разрешуваме претседател којшто реално немаме основ да го разрешиме, порача Марковска Илиевска.

Со почит,

ОВАА НЕДЕЛА

ВМРО-ДПМНЕ: СО ИНВЕСТИЦИЈА ОД 6 МИЛИОНИ ЕВРА , ПОПНА ИЗГРАДБАТА НА ФАБРИКАТА ,,ЧАГАТАЈ КАБЛО”

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со привлекување на нови...

ТАТКО ОД ДЕБАР ЈА ПРИСИЛИЛ СВОЈАТА МАЛОЛЕТНА ЌЕРКА ДА ПИТА ПО УЛИЦИ, МВР ГО УАПСИ

Триесетгодишниот маж се сомничи дека го сторил казненото дело...

АМЕРИКА НА КРСТОПАТ: КРАЈ НА ФЛЕРТОТ МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН?

Доналд Трамп имаше два бурни „разводи“ во изминатиот месец....

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ