Прес-конференција на Анета Марковска-Илиевска, советник во Совет на Град Скопје.
Почитувани,
Данела Арсовска и СДС вчера беа спречени во обидот да го блокираат и парализираат Скопје.
Јасна е работата. Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е градот Скопје да ги измени правилниците и цените по изминат километар за приватните превозници, а предлогот на СДС, поддржан од Левица и ДУИ е да се поскапи автобускиот билет за граѓаните.
На вчерашната седница на Советот се изгласа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, и Данела Арсовска го поништи гласањето.
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ направија се што е во нивна можност да се реши проблемот со приватните превозници, се што требаше е Данела Арсовска да не води инает со Скопјани и да го спроведе Заклучокот донесен од Советот. Скопје не смее да биде блокирано заради инает на една личност.
Неспроведувањето на одлуката е резултат на самоволие и насилие на Данела Арсовска, поддржано од Левица, СДС и ДУИ. Поништувањето на легитимно и легално гласање постои во резимот на Чаушеску, во Северна Кореја и денес кај Данела Арсовска.
Ако нема решение до понеделник, какво и да е приватните превозници нема да сообраќаат и повторно нема да функционира јавниот превоз.
Скопјани да знаат која е адресата на виновникот за хаосот на улиците – Данела Арсовска и СДС.