Поддршка Повикот на социјалните мрежи доби поддршка од повеќе организации и партии, како и од премиерот лично. Анализата на растот на профитите покажува дека македонските синџири маркети се на самиот врв во регионот според профитот по вработен – 5.459 евра!
Сериозна реакција предизвика повикот за бојкот на македонските маркети откако на социјалните мрежи беше објавено и мотото „Попусто попусти за исти цени“. Вчера и во поштенските сандачиња, но и на влезовите во некои скопски населби беа делени отпечатени летоци за петочниот бојкот.
Во меѓувреме, на мрежата Икс се шират и објави за контрапротест, со цел да се спречи бојкотот, а во кои се убедуваат граѓаните дека треба да се стрпат, оти државата жестоко ќе реагирала!