Thursday, May 15, 2025
17.2 C
Skopje

МАРИЧИЌ : ,,ЈАПОНСКАТА ПОМОШ Е ПОСТОЈАНА, ИСКРЕНА И ГОЛЕМА КОЈА ДИРЕКТНО ВЛИЈАЕ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТ НА НАШИТЕ ГРАЃАНИ”

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, присуствуваше на потпишувањето на договорот за странска помош од Јапонија, организирана од јапонската амбасада и амбасадорот Казуја.

Во своето обраќање на церемонијата Вицепремеирот Маричиќ се заблагодари  на Јапонската влада на поддршката преку која се обезбедуваат средства наменети за значајните сектори како што се здравствениот, образовниот сектор и заштитата на животната средина, односно 302.000 евра за проектите за кои се потпишаа грант договори.

„Јапонската помош е постојана, искрена и голема. Во последниов период реализирани се многу мали проекти, во смисла на техничка соработка, програми за обука, како и проекти во рамки на грант програмата за мали проекти за основни човекови потреби. Иако мали по својот габарит, тие се бројни и важни проекти кои директно влијаат на потребите на граѓаните и унапредувањето на услугите до кои граѓаните имаат директен пристап.“

Маричиќ ја истакна важноста на јубилејот, 30 години дипломатски и пријателски односи со Јапонија, и поддршката од страна на Јапонија која датира уште од самото осамостојување на државата.

„Во овој период Јапонија има обезбедено голема поддршка, преку официјалната развојна помош, во повеќе значајни сектори за граѓаните како што се здравство, образование, развој на локалните заедници, но и значајна техничка и експертска помош како и стручно унапредување на администрацијата во различни области. Преведено во средства, тоа би значело над 265 милиони евра од даночните обврзници на Јапонија, кои се имплементирани преку финансирање на разни проекти наменети за подобрување на животот на нашите граѓани во различни области.“

На церемонијата организарана од јапонската амбасада домаќин беше амбасадорот Оцука Казуја, а присуствуваа министерката за животна средина Шукова, министерот за здравство Демири, и со видео обраќање се обрати министерот Османи, како и градоначалниците и крајните реципиенти на проектите со кои се потпишуваат договорите. ​

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

СДСМ: ОВА ЌЕ БЕА ПРИДОБИВКИТЕ ЗА СЕМЕЈСТВАТА ОД ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ КОЈ ВМРО-ДПМНЕ ГО ОДБИ

Парламентарната група на СДСМ и коалиција поднесе Предлог-закон за...

МАЈКА НА ПОВРЕДЕН ВО КОЧАНИ: ПОВРЕДАТА Е ТОЛКУ ЧУВСТВИТЕЛНА ШТО ОД МИНУТА ВО МИНУТА СОЗДАВА НОВИ ПРОБЛЕМИ

Благица Сабовљевиќ-Стоименова, граѓански активист и мајка на повреден вели...

НАЈНОРМАЛНО Е ДА ИМАМ ПРЕКРАСНИ ОДНОСИ СО СРПСКОТО ДРЖАВНО РАКОВОДСТВО, ВЕЛИ СТОИЛКОВИЌ

Според вицепремиерот, влијанието на Србија во земјава се преувеличува,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ