МАРИЧИЌ : ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ КАКО МАКЕДОНЦИ КОИ ГОВОРАТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК НЕ СМЕЕМЕ ДА ПРОПУШТИМЕ

0
529

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција со германскиот специјален пратеник, Мануел Сарацин, изјави дека Владата од почетокот на мандатот покажала особен интерес за надминување на отворените прашања со Бугарија.

Покажавме силна посветеност и водевме искрен и отворен дијалог, што очигледно беше добар сигнал за ЕУ. Во тој процес, воден исклучиво од интересот на државата и граѓаните, горд сум што изнајдовме компромисно решение со кое ги одбранивме нашите црвени линии и на достоинствен начин го направивме нашиот јазик и идентитет европски, рече Маричиќ.

Вицепремиерот за европски прашања објасни дека самиот францускиот предлог, кој се повикува на Договорот од Преспа – значи дека ние ќе почнеме преговори како Македонци кои зборуваат македонски јазик, додавајќи дека историјата им ја оставиле на историчарите и дека овие прашања не се дел од преговарачката рамка.