МАРИЧИЌ : ПОЧИТУВАЊЕТО НА РАЗЛИЧНИТЕ КУЛТУРНИ И ТРАДИЦИОНАЛНИ ВРЕДНОСТИ Е ЕДНА ОД КЛУЧНИТЕ ВРЕДНОСТИ ВО ЕУ

0
252

Денес на седницата на оперативното постојано тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам се обрати Вицепремиерот Маричиќ почнувајќи ја седницата со воведно обраќање.

„Чест и задоволство ми беше што денес повторно претседавав со телото кое е носител на негувањето на различностите во нашето општество со дискусија околу развој на концептот за едно општество и мултикултурализам“.

„Наша задача е и понатаму да останеме посветени на реализацијата на стратегијата “Едно општество за сите,” со која го приближуваме македонското општество чекор поблиску до европските вредности, градиме општество базирано на еднаквост, толеранција, разновидност и дијалог и општество кое ги почитува индивидуалните и колективните идентитети, како и вредностите на мултикултурализмот“.

Една од суштинските пораки која ја прати Вицепремиерот гласеше: Почитувањето на различните културни и традиционални вредности е една од клучните вредности во ЕУ. Заедничките напори секогаш вродуваат со резултати кога сите учесници во процесот имаат иста цел. Затоа, цел на оваа Влада е евроинтеграција односно полноправно членство во ЕУ и тоа до 2030 кое е изводливо во заедништво и консензус на сите политички конституенти, сите општествени структури, бизнис заедници и поединци.

На седницата присуствуваа членови на оперативното постојано тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам, во состав Роберт Алаѓозовски претседател на координативното тело и национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, Џабир Доко заменик министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Еран Куртиш директор на агенцијата за остварување на права на заедниците, Дарјан Сотировски директор на комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Рубин Земон – претставник на академската заедница, д-р Ана Чупеска – преставничка на академската заедница и други претставници.

Членовите ги истакнаа нивните забелешки за стратегијата и дадоа свој придонес во дискусијата кои ќе бидат земени предвид во понатамошното подготвување на стратегијата.