
Изразувајќи силно чувство на пријателство, меѓу двете држави, како и тимовите на Северна Македонија и Албанија кои соработуваат веќе подолго време ја истакнаа блиската соработка, основани на заеднички вредности и цели.
Убедени дека со заеднички напори ќе ги надминеме предизвиците со кои се соочуваме, со силно чувство за припадност во Европската Унија како и заедничка решеност да станеме членки на унијата до 2030 година.
„Чувствуваме блиска релација и поврзаност со Албанија на патот кон пристапувањето во ЕУ. Албанија е наш пријател, сосед и заедно ќе се залагаме еден за друг во процесите на интеграција во ЕУ“, рече Вицепремиерот Маричиќ.
Заложбата за соработка и цврсти меѓусоседски односи ја потврдија и двете страни со акцент на врската меѓу двете нации како пријатели и сојузници на патот кон ЕУ.
На средбата беше истакната подготвеноста на државите при што Вицепремиерот Маричиќ истакна: „Ние ја завршивме нашата домашна задача, а нашата главна цел е надминување на предизвикот со уставните измени и решително чекорење напред кон Европската Унија“.
Заменик претседателот Маричиќ и министерот Хасани ја потврдија својата посветеност на заедничките напори и истрајноста на патот кон ЕУ, ветувајќи дека ќе работат заедно за изнаоѓање решенија и меѓусебна поддршка. Тие изразија уверување дека преку меѓусебна соработка ќе ги надминат предизвиците и ќе ја постигнат заедничката цел за пристапување во ЕУ до 2030 година.
Соговорниците на состанокот се согласија дека Северна Македонија и Албанија припаѓаат на модерна Европска Унија со посветеност и неуморно работење до постигнување на целта – полноправно членство во ЕУ.