Wednesday, November 6, 2024
-2.2 C
Skopje

МАРИЧИЌ ОД НОВО СЕЛО : СДСМ ВОДИ НАПРЕД, ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ И НИВНАТА ИДНИНА НЕ СМЕЕМЕ ДА ДОЗВОЛИМЕ ДА НЕ ВРАТАТ НИ ЧЕКОР НАЗАД

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, на граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ која се одржа во село Колешини, општина Ново Село рече дека СДСМ е синоним за стабилност, безбедност, просперитет и економски развој на државата, единствената партија која државата ја носи во друштво со најмоќните и високоразвиени европски земји.
-И секогаш сме избирале пат кој води напред, кој носи добро за граѓаните и државата. Граѓаните секогаш биле појдовна точка во креирањето на нашите политики. Од земја изолирана, раскарана со соседите, со лоши забелешки во Извештаите на Европската комисија за напредокот на земјата, денес членка на НАТО и земја која преговара со Европската Унија, рече Маричиќ.
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Маричиќ, пред жителите на Колешено рече дека денес сме земја која има европски партнери и пријатели, земја која за ЕУ е кредибилен партнер и сојузник и земја која успеа да ги отвори преговорите, со заштитен идентитет и јазик, засекогаш признаени и потврдени во ЕУ, потенцирајќи дека европските вредности, државнички одлуки и вистински патриотизам се одлики единствено на СДСМ.
Маричиќ направи споредба со дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека со дела се сака државата и народот, а не со сеење страв, ширење лаги, тензии, насилни протести и играње со чувствата на граѓаните за ситни политички поени, лични интереси и желба за власт, како ВМРО-ДПМНЕ што делува.

На средбата со жителите од општина Ново Село, секретарот за меѓународна соработка, Маричиќ, наброј некои од мерките кои Владата ги донесе за намалување на последиците од светската економска криза, уверувајќи ги дека СДСМ е со нив во време на енергетска и економска криза.
-Во време на енергетска криза донесовме кризни мерки за над 36 илјади социјално ранливи категории граѓани. На над 60 илјади пензионери со пензија до 11.000 денари во текот на 4 месеци (од ноември до фебруари 2023 година) им се доделуваат субвенции од по 1.500,00 денари месечно, а над 65 илјади пензионери со пензии до 14.000,00 им следува помош од 750,00 денари месечно, рече Маричиќ на граѓанската трибина на СДСМ.

ОВАА НЕДЕЛА

СПОРТИНГ НА АМОРИМ ГО РАСТУРИ СИТИ НА ПЕП

Рубен Аморим со стил се прости од навивачите на...

СО ИСТУРЕНИ ФЕКАЛИИ ВРЗ ГРАДСКОТО СОБРАНИЕ ОДРЖАН МАСОВЕН ПРОТЕСТ ВО НОВИ САД

Демонстранти ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови...

АСТРОНАУТИТЕ НА НАСА НОСЕЈЌИ АМЕРИКАНСКИ ЧОРАПИ ГЛАСАА ОД ВСЕЛЕНАТА

Астронаутите Буч Вилмор, Сани Вилијамс и Дон Петит гласаа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ