Thursday, December 5, 2024
5.8 C
Skopje

МАРИЧИЌ : НАЈДОБРА ОПЦИЈА ЗА СТАБИЛНОСТ И ПРОГРЕС НА ДРЖАВАТА Е ВЛЕЗОТ ВО ЕУ, ЗА СИТЕ МЛАДИ И ЗА СИТЕ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ

Првиот заменик престедател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денес оствари средба со млади активисти, учесници на програмата за регионална мобилност на млади истражувачи и активисти, во партнерство со организации од Албанија и Србија (Science, Innovation and Development Centre и Иницијатива за човекови права).

На состанокот Вицепремиерот Маричиќ во дискусија со учесниците се осврна на важноста на евроинтеграцијата за младите и сите граѓани на државата и регионот. Учесниците зборуваа за регионалната соработка, младинското учество, одливот на мозоци и подобрување на образованието со цел задржување на младата работна интелектуална сила во државата. Теми кои ги засегнуваат младите се можностите за  соработка, отворање на можности за вработување за млади и активизам за реализација на двојната транзиција на општеството: дигитална и зелена.

Вицепремиерот Маричиќ се потсети на деновите кога тој во зачетоците на својата професионална кариера, бил активен учесник во граѓанското општество со цел и визија дека овој систем заслужува голема промена до реализација на европското полноправно членство на државата.

Маричиќ во своето обраќање до учесниците порача дека приоритет за прогрес на општеството и за унапредување на животниот стандард со значителни социо-економски придобивки е можно само доколку Северна Македонија и регионот што поскоро се приклучи на Европската Унија.

„ Најдобра опција за стабилност и прогрес на државата е ЕУ, за сите млади но и за сите граѓани во неа, затоа не се откажуваме од нашата иднина!

На средбата присутни беа учесниците на програмата и координаторите на Програмата за истражување на младински и образовни политики во Младински образовен форум (МОФ).

ОВАА НЕДЕЛА

НА ДОДИК НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ТОА ШТО КУРТИ ДОАЃА ВО САРАЕВО : ПРОВОКАЦИЈА, ЌЕ ИМА ПРОБЛЕМИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека работите...

ПАДНА ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА

Обединети при гласањето, левицата и екстремната десница, со мнозинство...

БРИТАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ВЕТЕРАНИ : НАШАТА ВОЈСКА ЌЕ БИДЕ УНИШТЕНА ЗА САМО ШЕСТ МЕСЕЦИ ВОЈУВАЊЕ

Министерот за ветерани во британското Министерство за одбрана, Алистер...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ