МАРИЧИЌ КОН ПОПОВСКИ : СВЕСНО ЛАЖЕТЕ ЗА ЕУ, ПРЕГОВОРИТЕ ГИ ЗАПОЧНАВМЕ

0
495
Кога го слушате Поповски јасно ви е зошто ниеден милиметар немаме мрднато во евроатлантските интеграции, рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето во „Само вистина“, каде дебатираше со поранешниот министер за надворешни работи Никола Поповски.

Да манипулирате дека не сме почнале преговори не доликува, особено кога сте во фелата. Чешкиот министер за надворешни работи ги кажа зборовите „почнувате преговори“. Владите на ВМРО-ДПМНЕ единствено донесоа заробена држава, што стоеше во Извештај на Европската комисијата.

Немојте да мислите дека луѓето заборавиле, рече Маричиќ.

Според вицепремиерот, во времето на ВМРО-ДПМНЕ имало најголем застој во историјата.Свесно лажете, не е коректно да кажете дека не сме ги почнале преговорите. Манипулирате, истакна Маричиќ.