МАРИЧИЌ ЗА ПОЖАРОТ : ДА САКАВМЕ ДА СЕ МЕШАМЕ ВО ИСТРАГАТА, НЕМАШЕ ДА ВИКНЕМЕ ГЕРМАНСКИ ИСТРАЖИТЕЛИ!

0
302

Власта воопшто не се меша во истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово. Да сакаше да се меша, немаше да повика германски истражители од највисок ранг, кои што треба да ги испитаат сите околности, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ.

Германските истражители, посочи Маричиќ, пристигнаа вчера и сите институции се ставија на рапослагање да помогнат во истрагата.

– Вчера вечерта беше свикан Кризниот штаб и сите документи се предадени на надлежните институции. Обезбедено е местото на настанот и сите предуслови за брза и успешна истрага ги имаат институциите, а ние како Влада сме заинтересирани час поскоро да излезат институциите со фактите, кои ќе помогнат за понатамошно постапување и извлекување научени лекции од овој трагичен настан, изјави Маричиќ.

Прашан кој дал техничка согласност за пуштање во употреба на болницата, Маричиќ рече дека тоа е сосема надвор од неговите надлежности и нема информации за тоа.