МАРИЧИЌ : ДА ЈА СТИГНЕМЕ ЕУ НАДГРАДУВАЈЌИ ГО НАШЕТО ОПШТЕСТВО ПО ЕВРПОСКИ СТАНДАРДИ

0
134

Вицепремиерот Бојан Маричиќ им се заблагодари на делегатите за довербата повторно да биде на пратеничката листа во Првата изборна единица.

Благодарен сум за довербата од делегатите на Конгресот на СДСМ, ми претставува чест и мотивација да бидам кандидат за пратеник во изборната единица 1. Членовите и поддржувачите на СДСМ, демократите, прогресивните, тоа се граѓаните кои се борат за европски вредности и кои се бореа за сите позитивни промени од независноста наваму.

Затоа, со сето знаење, со цела сила и моќ ќе ги водиме овие избори кон победа за европска иднина за сите нас. Нема откажување, намало и нема да има – напиша на Фејсбук Маричиќ откако конгресот на СДСМ ги утврди пратеничките листи за парламентарните избори на 8 мај.

Тој на граѓаните им порача дека полноправното членство во ЕУ за Македонија е мисијата која ќе ја исполнат до 2030 година.

-Низ кампањата пред нас ќе го чуеме секој македонски граѓанин и пред секого ќе го презентираме нашиот план за европска Македонија. Да не ја бараме Европа надвор од нашите домови, да ја стигнеме ЕУ надградувајќи го нашето општество по европски стандарди – напиша Маричиќ.