
Маричиќ ја објасни програмата на СДСМ со која младите ќе добијат уште поголем пристап до вработување, европско образование, до обуки, до вештини, финансиска стабилност и мобилност.
Со обврска пред младите ветуваме дека ќе се зголеми економска независност на највиталниот дел на населението и ќе се гради европски образовен систем, Маричиќ изјави:
„Со буџет од повеќе од 6 милиони евра Еразмус плус е од огромно значење за македонските проекти во образованието. Со знаењето и вештините од европските образовни институции заедно да градиме европска позелена и дигитална иднина. “
Важна порака за младите е дека СДСМ во својата програма најавува и 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години, а младинскиот додаток од 3000 ќе се зголеми на 5000 денари.