МАРИЧИЌ : ВМРО – ДПМНЕ НЕМАА ХРАБРОСТ, КАПАЦИТЕТ НИТУ ЖЕЛБА ДА ЈА ПОМЕСТАТ ДРЖАВАТА НАПРЕД, ЗАТОА СТОЕВМЕ ВО МЕСТО

0
386
Во последните 6 години Северна Македонија стана членка на НАТО, цел која што не можевме да ја исполниме со ВМРО – ДПМНЕ затоа што немаа ниту храброст ниту капацитет, ниту искрена желба да ја поместат државата во вистинска насока, напред и затоа стоевме во место, нагласи секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.Маричиќ истакна дека денес кога Шведска и Финска, доаѓаат кај нас да бараат поддршка за членство во НАТО, на сите им е јасно дека е многу важно во овие услови, во војна во Европа, државата да биде членка на НАТО, и дека вредеа сите оние чекори кои што беа направени, а за никого не беа едноставни и лесни.Секоја влада треба да има цел и мисија, ако ви е целта само да останете на власт, никогаш нема дарешите ниту едно прашање.
Ние да сме ги решеле овие проблеми со Бугарија и Грција пред 10, 15, 20 години, кога се појавиле, сигурно ќе сме ги решеле под подобри услови, рече Маричиќ, додавајќи дека во време на ВМРО – ДПМНЕ, немало желба, волја, капацитет и храброст.Ние видовме дека времето не работи во наша полза и дека со текот на времето не добиваме подобри можности за решавање, напротив, во 2008 година да сме го решеле спорот со Грција сигурно ќе сме го решеле под подобри услови и со подобро решение, нагласи Маричиќ.
Јас знам дека тир одлуки се тешки, на сите ни е тешко, ние не сме го правеле затоа што сме сметале дека е тоа убава работа. Не, сме го правеле затоа што сме морале за да ја оденесме државата еден чекор понапред, нагласи Маричиќ.За жал, сведоци бевме на една негативната пропаганда, лажни вести и дезинформации со кои што ВМРО – ДПМНЕ и Левица се користеа во текот на целиот овој процес, дека нема да се признава македонскиот јазик во ЕУ, а Фронтекс е потпишан на македонски јазик, порача Бојан Маричиќ.
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Маричиќ истакна дека во моментот кога ќе се искреира платформата која може да достигне до 80 пратници ќе започне процедурата во собранието за уставни измени.Јас очекувам дека тоа ќе биде во првата половина од наредната година.
Блокадата прв пат е во наши раце, и од нас зависи дали ќе застанеме по скринигот на истото место или ќе продолжиме со поглавјата, нагласи секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.