МАРИЧИЌ : ВАЖНО Е И НИЕ ДА ИМАМЕ ГАРАНЦИИ, НЕ САМО БУГАРИЈА

0
862

Важно е и ние да имаме гаранции, не само Бугарија, за работите коишто ќе ги договориме дека ќе бидат спроведени и дека тогаш кога ќе се договориме, со нивното исполнување ќе биде отстрането ветото и на правилен начин ќе биде усвоена преговарачката рамка, во која сакаме да се најде само она што одговара на европските вредности.

Во однос на јазикот сме кажале повеќе пати дека ние не можеме, ниту сакаме да отстапиме од тоа дека имаме право да говориме македонски јазик и така да го нарекуваме.