МАРИН БАБИЌ СО ,,ПОЛИЦИСКИ СИРЕНИ” ГО ПОЧНА КОНЦЕРТОТ ВО ВАЛАНДОВО

0
266

Концертот на Марин Бабиќ и пријателите во Валандово, вечерва во Домот на културата ,,25 Мај” започна невообичаено, кога за време на отворањето од страна на водителот Огнен Јанески се вклучија аларми во зградата, кои звучеа како полициски сирени и за момент сите помислија дека можеби сценариото на настанот е така замислено.

Потоа, легендарниот глумец, Бабиќ објасни дека секоја спонтана ситуација треба да се искористи во полза на програмата на настаните, затоа што сцената го дозволува тоа. Токму со таков жар и многу насмевки започна и овој втор концерт, под насловот ,,Бебули 2 – Да водиме љубов, а не војна”, кој по успешниот од синоќа, Струмица, ги предизвика аплаузите на валандовчани кои не ги штедеа, воопшто.

И вечерва Александра Трајческа, младата вокалистка од Прилеп изведе популарни песни, а гевгеличанецот Игор Узунов преку баладите допре до срцата на присутните. Триото ,,Бебули”, составено од Андријана Дукоска на виолончело, Светлана Богданоска Ристоски на флејта и Љупчо Трајаноски на виола кои во изминатите години се дел од репертоарот на програмата на ,,Бебули 2″ музицираа ноти кои беа препознатливи за присутните, а заедно со водителот Огнен Јанески ја изведоа и песната ,,Леле да бев богат”.

Јанески, пак, заедно со познатиот Љупчо Шилоски – Шилото го изведоа познатиот руски сплет песни. Марин Бабиќ и Љупчо Шилото со децении соработуваат и совршениот спој одлично ги води стиховите на Огнен Неделковски, Ацо Караманов, Жак Преверн, Сергеј Јесенин и сличните култни имиња. Меѓу присутните вечерва беше и градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов.

Следниот концерт е утревечер, во Домот на културата во Гевгелија, со почеток во 20 часот.