-1.8 C
Prilep
Wednesday, February 8, 2023
Home Македонија МАПАС : ПРЕДЛОЗИТЕ НА ЛИДЕРОТ НА ВМРО ДПМНЕ СЕ ОПАСНИ ЗА ПЕНЗИСКИОТ...

МАПАС : ПРЕДЛОЗИТЕ НА ЛИДЕРОТ НА ВМРО ДПМНЕ СЕ ОПАСНИ ЗА ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ И ГИ ЗАГРОЗУВААТ СИТЕ НАД 500 000 ПЕНЗИОНЕРИ!

0
559

Соопштение за информирање на јавноста 01.04.2020

По повод објавените информации во медиумите за примена на мерки за помош на економијата преку интервенција во вториот столб од пензискиот систем на Република Северна Македонија, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС го објавува следното соопштение.

Средствата на задолжителните пензиски фондови се во сопственост на членовите на пензиските фондови. Средствата се евидентирани на индивидуални сметки во пензиските фондови и тие претставуваат личен имот на членот. Секоја интервенција врз средствата на членовите е исто како интервенција во штедна сметка во банка, удели во инвестициски фонд и слично. Секоја интервенција на уплатата на придонесите на индивидуалните сметки го загрозува износот на пензијата на идните пензионери. Моментално во задолжителните пензиски фондови членуваат околу 515.000 членови.

Една од целите поради кои е креиран вториот солб е да во иднина се намали фискалниот товар на државата при исплата на пензиите. Секоја краткорочна мерка поврзана со интервенција во капитално финансирано пензиско осигурување ќе влијае негативно на долг рок и ќе го зголеми фискалниот товар на идните генерации.