МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ТРГНУВА ПОВТОРНО ПО АДРИЕН РАБИО ОД ЈУВЕНТУС КОЈ ОД ЛЕТОВО Е СЛОБОДЕН АГЕНТ

0
205

Манчестер Јунајтед ова лето повторно ќе се обиде да го доведе плејмејкерот на Јувентус, Адриен Рабио, пренесува „Калчомеркато“.

Французинот влезе во последната година од договорот и на лето ќе биде слободен агент, а нема најави за продолжување на соработката со „старата дама“.

Рабио минатото лето го одби Манчестер Јунајтед бидејќи сакаше да игра во Лигата на шампиони, а после добрата сезона „црвените ѓаволи“ повторно покажуваат интерес.

Тен Хаг имал разговор со него, а сега работите се поинакви и Рабио дал зелено светло за трансфер на „Олд Трафорд“.

Раководството наскоро ќе започне преговори со неговиот агент и се спремни да ја победат конкуренцијата.

Извор : Спортски.МК