Екипата на Манчестер Јунајтед го совлада Реал Сосиедад (4-1) и успеа да ја мине осминафиналната фаза во Лига Европа.
Премиерлигашот беше подобар и поконкретен ривал на вечерашното соочување на „Олд Трафорд“ и сосема заслужно го елиминираше шпанскиот претставник од ова натпреварување.
Првите три гола паднаа со удари од белата точка, Сосиедад поведе преку Ојарзабал за да потоа капитенот на домаќините Фернандеш двапати реализира од пенал линијата.
Во 63 минута клубот од Баскија заработи црвен картон што дополнително им ја олесна работата на избрнаиците на Аморим кои во продолжението преку Фернадеш и Дало го потврдија убедливиот триумф и двомечот со Лион за пласман во полуфиналето.