МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД СО ГОЛОВИТЕ НА БРУНО ФЕРНАНДЕШ И МАРКУС РАШФОРД НАПРАВИЈА ,,ЃАВОЛСКИ” ПРЕСВРТ СО КОЈ ГИ ПОРАЗИЈА ГРАДСКИТЕ РИВАЛИ МАНЧЕСТЕР СИТИ

0
214

Манчестер Јунајтед ја оствари деветтата победа по ред во сите натпреварувања и му возврати на градскиот ривал Манчестер Сити со триумф од 2:1 во дербито на „Олд Трафорд“. Со пресврт за четири минути во завршницата, со головите на Бруно Фернандеш и на Маркус Рашфорд „црвените ѓаволи“ дојдоа до победа.

Манчестер Сити поведе со голот на Џек Грилиш во 60.минута, на асистенција на Де Брајне.

Во 78.минута, Бруно Фернандеш израмни, а гостите приговараа барајќи офсајд позиција во која претходно се најде Маркус Рашфорд. Но, тој не играше со топката, ја препушти на Португалецот кој постигна погодок.

Маркус Рашфорд четири минути подоцна се погрижи за целосен пресврт.