Friday, December 13, 2024
7.8 C
Skopje

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ОФИЦИЈАЛНО ГО ПРОМОВИРА РУБЕН АМОРИМ КАКО НОВ МЕНАЏЕР ПРЕКУ ВИДЕО ИНТЕРВЈУ ПОД РЕФЛЕКТОРИТЕ НА ТЕАТАРОТ НА СОНИШТАТА ,,ОЛД ТРАФОРД”

Португалскиот стратег Рубен Аморим официјално денес промовиран како нов менаџер на Манчестер Јунајтед.

Она што се најавуваше неколку денови конечно доби и официјална потврда. Аморим ќе ги предводи „ѓаволите“ и ќе се обиде да го извлече тимот од тешката ситуација во која се наоѓа, односно ќе има задача да го врати Јунајтед во врвот на англискиот фудбал.

Португалецот потпиша договор со важност до 2027 година, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона. Аморим со огромен успех го предводеше Спортинг од Лисабон, а за 39-годишниот тренер ова ќе биде најголем предизвик во досегашниот тек од кариерата.

На Спортинг му ја донесе првата шампионска титула по пауза од 19 години и важи за еден од најперспективните млади тренери во Европа. Аморим официјално ќе го преземе тимот на 11 ноември, а дотогаш задачата ќе ја извршува привремениот тренер, Руд Ван Нистелрој.

Во прилог е неговото прво интервју или како што е наведено од страна на неговиот нов клуб прв дел како нов менаџер на Манчестер Јунајтед, интервју направено под рефлекторите од театарот на соништата Олд Трафорд.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ