Фудбалерите на Манчестер Јунајтед преку неизвесен и драматичен финиш дојдоа до славје над Ренџерс од 2-1 во соочувањето во Лига Европа.
Трите гола на „Олд Трафорд“ паднаа во второто полувреме, првиот беше комичен автогол на гостинскиот голман Батланд кој со бокс сам си ја смести топката во сопствената мрежа,
Овој резултат беше активен од 52 до 88 минута кога Десерс фантастично се снајде и стрелаше за 1-1 и огромна радост на гостинските фанови. Сепак премиерлигашот го имаше последниот збор, Мартинез уфрли во 92 минута, а Фернандеш се најде на вистинското место за три бода и четврти триумф на Јунајтед во низа во ова натпреварување.