МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ДОБИ НОВ НАПАЃАЧ, ХОЛАНЃАНСКАТА ГОЛ МАШИНА, ВОТ ВЕНХОРСТ ЌЕ ГО ПРЕДВОДИ НАПАДОТ НА ЦРВЕНИТЕ ЃАВОЛИ

0
643

Според Фабрицио Романо, италијанскиот дописник на Скај Спорт – Италија уште во вторникот се било договорено помеѓу англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед и Бешикташ.

Договорено е црвените ѓаволи да му исплатат на Бешикташ 3 милиони оштета и да го потпишат Вот Венхорст, холандскиот напаѓач кој стана познат по шокот кој им го приреди на аргентинците при крајот на мечот каде Аргентина при водство со 0-2 Холандија израмни на 2-2 токму со двата голови на Венхорст.

Венхорст се очекува денес да лета за Манчестер каде ќе го потпише договорот со црвените ѓаволи за позајмица од 6 месеци, до крајот на сезоната без обврска за купување на играчот, кој сеуште има долгорочен договор со премиер лигашот Барнли.