МАНЧЕСТЕР СИТИ СТАНА НОВ ШАМПИОН ВО ЛШ И ГО ОСВОИ ПОПУЛАРНОТО ,,ТРИПЛЕТ” КОЕ ВО 99 ГОДИНА ПРЕД НИВ ГО ОСВОИ МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

0
606

Сити првпат ја освојува Лигата на шампионите, а е шестиот англиски тим кој успеал во тоа.

Фудбалерите на Манчестер Сити се нови шампиони на Европа. Тие вечерва во финалето од Лигата на шампионите (ЛШ) го совладаа Интер со резултат 1:0.

Голот го постигна шпанецот Родри во 68. минута.

Ова е прв тимот предводен од тренерот Пеп Гвардиола да ја освои ЛШ. Тимот сезонава слави тројна титула – претходно, ја освои англиската Премиер лигата и трофејот во ФА Купот.

Манчестер Сити вечерва стана шестиот англиски тим кој ја освоил Лигата на шампионите. Претходно на европскиот трон се искачија: Манчестер јунајтед, Ливерпул, Нотингем Форест, Астон Вила и Челзи.

Интер, пак, остана на трите титули од минатото, а италијанските екипи без трофеј во евро-куповите за сезоната 2022/23 и покрај учествата во трите финалиња – Рома во Лига Европа, Фиорентина во Конференциската лига.