Манчевски: Референдумот е одговор на вториот дел од референдумското прашање од 1991 година

0
1209

Престојниот референдум на 30 септември практично е одговор на вториот дел од прашањето на референдумот од 8 септември 1991 година кога се изјаснивме дека сакаме да имаме независна држава, оцени вечерва министерот за информатичко оштество и администрација Дамјан Манчевски во емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5.

Тој нагласи дека референдумот на 30 септември е последната можност за земјава да се приклучи на НАТО и ЕУ.

– Доколку не успее референдумот ќе пропадне и можноста за евроатлантска интеграција. Ние можеби ќе сакаме да преговараме и после тоа, но нема да има со кого да разговараме, бидејќи никој повеќе не ќе сака да преговара со нас, рече Манчевски.

На референдумот од 1991 година граѓаните се изјаснија на прашањето „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.