Манчевски на Топ тема: Изборите се неопходни, системот на техничка влада е неодржлив

0
239

Одржувањето на изборите е неопходно, бидејќи системот на техничка влада е неодржлив, истакна потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски, во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма. 

Манчевски додаде дека одговорноста во врска со ширењето на коронавирусот е на сите, на неодговорни граѓани, неодговорни верски заедници, а особено на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој реши дека нема да казнува за непочитување на мерките за заштита. 

Да имавме функционално Собрание, Чулев одамна ќе беше сменет и тоа е уште една причини зошто треба да има избори, нагласи Манчевски. 

Ние, додаде Манчевски, не тераме политика со болеста, таа е состојбата, тие се бројките, а од друга страна Мицкоски до вчера беше загрижен за здравјето на граѓаните, а сега ги повикува да излезат на гласање. 

Христијан Мицкоски се соочи со реалноста, се соочи дека не може повеќе да бега од избори и изнајдовме сили да заврши оваа неиздржлива политичка голгота, истакна Манчевски. 

Тој изрази големо разочарување од претседателот на ДИК Оливер Дерковски, кој со несвикување на состанок на ДИК го прекрши изборниот закон и запраша кој сега треба да му поднесе кривична пријава.