Манчевски на ТВ 24: Чулев на ниту една седница на Влада на која се дебатираше за ребалансот на буџетот не спомна предлог за доделување награди на припадниците на МВР

0
238

Во денешното издание на “Отворено студио” на 24 телевизија, министерот за администрација и информатичко општество во техничката влада и потпретседател на СДСМ, Дамјан Манчевски, со свој став во однос на ребалансот на буџетот и кратењата од сите ресори, како и најновиот предлог на министерот за внатрешни работи Чулев после ребалансот да додели награди за припадниците на МВР.

“Во врска со буџетот и планираните награди за припадниците на МВР, за ребалансот на буџетот многу од министрите имаа голем број на несогласувања во однос на предложениот ребаланс, искажуваа свои ставови, ние имавме дебати неколку седници на Влада по ред на кои секој министер се бореше за сопствениот ресор и буџет. Господинот Чулев не спомна ништо никогаш за ваква работа, ниту се побуни за финансиските кратења во својот ресор.

Да бидам искрен, МВР, и ресорите здравство и одбрана претрпеа најмалку кратења, ниту некој бараше од нив да се крати. Припадниците на полицијата, за разлика од другите вработени во јавен сектор, не им се укинаа додатоците што ги примаат, особено имајќи предвид дека имаа зголемен обем на работа особено со спроведувањето на полицискиот час. Ама не е коректно сега откако помина ребалансот на буџетот, а притоа тој никогаш не дал таков предлог, да излезе во јавноста и да вели дека тој мисли дека треба да се даде и ваков финансиски надоместок којшто никогаш не го испланирал” – додаде Манчевски.