Tuesday, July 15, 2025
34.8 C
Skopje

МАНАСИЕВСКИ: ФИЛИПЧЕ ДОКАЖА ДЕКА Е ЧОВЕК ЗА КОЈ ГРАЃАНИТЕ СЕ НЕВАЖНИ, ТУКУ ВАЖЕН Е САМО ПРОФИТОТ И БИЗНИСОТ

Прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувани,

Филипче вчера докажа дека е човек без грам морал и етика.

Филипче потврди дека е човек кој не чувствува вина за случајот Онкологија. Филипче докажа дека е човек за кој граѓаните се неважни, туку важен е само профитот и бизнисот.

После сите случувања и трагедии кои ја потресоа државата, очекувавме барем малку човечност во Филипче, да се извини пред граѓаните и да си замине од политичката сцена, но тој тоа не го направи и продолжува да глуми дека е безгрешен.

Филипче кажа дека не се чувствува виновен за случајот Онкологија, иако не постапил согласно надлежностите од Законот за здравствена заштита, и тоа конкретно: член 17, член 27, член 92-г, член 110, член 226-б, член 226-и и член295. Исто така не постапил во согласност со Законот за јавни набавки, и тоа конкретно: член 2 т.11, член 76 и член77 (2 и 5). Не е постапено соодветно на член 4 (1) и член 13 (1, 2, 4) како и член 22 од Законот за организација и работа на органите на државната управа.

По однос на Законот за здравственото осигурување не се постапило согласно членот59. Денес, повторно прашуваме, дали Филипче е заштитен од судиите и обвинителите кои учествувале во овој процес?

Филипче еве да ти поставиме и друго прашање. Дали не се чувствуваш виновен и за модулрната болница, за несправувањето со КОВИД кризата, каде што не успеа навремено да набавиш маски, ракавици, медицинска опрема, а да не спомнуваме и за вакцините кои сакаше да заработиш на нив?

Почитувани, Филипче е црна дамка во историјата на македонското здравство и македонската политика. Филипче треба веднаш да си поднесе оставка и да не се бламира во јавноста.

Филипче е синоним за криминал, корупција и неспособност.

ОВАА НЕДЕЛА

ВМРО-ДПМНЕ И ВРАТИ НА РОЗАЛИЈА: ЗА СДС УЛИШНИТЕ КЛУПИ БЕА МЕСТО ЗА ПАРТИСКА ПРОПАГАНДА

СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА ИЗЈАВА НА РОЗАЛИЈА АНГЕЛКОВСКА ОД СДС Кога...

КРСТОВСКИ: БЛАЖЕВСКИ, СИМБОЛ НА ЗАЕВИЗМОТ, НЕРАБОТЕЊЕ, УНИШТУВАЊЕ, ПРЕДАВСТВА И ЛИЧНО БОГАТЕЊЕ

Прес-конференција на Никола Крстовски, претседател на УМС - Општина...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ