Monday, May 19, 2025
5.8 C
Skopje

МАНАСИЕВСКИ: СДСМ Е СИНОНИМ ЗА КРИМИНАЛ, НЕСПОСОБНОСТ И ПРЕДАВСТВА, ЛАЖЕА ДЕКА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ПОСЛЕДНО БАРАЊЕ, СЕГА БУГАРИЈА ГИ ДЕМАНТИРА

Прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитувани,

СДС со години ја туркаше тезата дека ако Македонија го смени Уставот и ги внесе Бугарите, нема да има нови барања од Бугарија, тоа сега испука како меур од сапуница и се покажа како најголема лага.

ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше на наивноста и лековерноста на СДС, но и нивната криминогена матрица да прифатат се само за ден повеќе власт.

За сега 2 години потоа, бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев, да упати официјална порака дека уставните измени, не се последно барање, и со тоа да потврди дека СДС ја внесе државата во ќорсокак (цитирам):

,,Многу е важно да се знае дека промената на Уставот и впишувањето на Бугарите како државотворен народ не е единствен услов. Односно, не е добро да се испушта во целиот тој разговор, со евентуална цел” , искажа бугарскиот министер Георгиев.

А што зборуваше Димитар Ковачевски, како тогашен премиер и претседател на СДС во август 2023 година (цитирам):

,,Тезата која ја наметнува опозицијата е манипулативна и има двојна цел. Од една страна да ги доведува во заблуда граѓаните, да си поигрува со нивните емоции. Од друга страна да создава алиби за својата неодговорност затоа што немаат аргументи како да ги бранат своите обиди за блокади. Особено сега, кога целата содржина на предложените уставни измени е објавена и достапна, никој нема ниту една забелешка, ниту има нешто против. Прилично јасни се работите, нови условувања за нас не може да има” , искажа Димитар Ковачевски.

Почитувани,

Сега е повеќе од јасно за секој еден човек во Македонија, дека СДС ниту знаеле што прават, ниту имале план, ден за ден политика, базирана на целта да се остане ден повеќе на власт.

ВМРО-ДПМНЕ спречи понижување на државата. Доколку се дозволеше СДС да го промени Уставот, се на што предупредувавме ќе и висеше на врат на државата.

СДС е синоним за криминал, неспособност и предавства, сега сите можат да видат колку ја деградирале Македонија.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

И АРБЕН ФЕТАИ ГО НАПУШТИ ТАРАВАРИ: ОВА НЕ Е БОРБА ЗА ПОЕДИНЕЦ, ОВА Е БОРБА ЗА ДОСТОИНСТВО

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и висок...

ВИТКОФ: ОЧЕКУВАМ УСПЕШЕН РАЗГОВОР МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН

Главниот преговарач на американскиот претседател Стив Виткоф, кој работи...

ХАЈРЕДИНИ: ГОЛЕМА ГРЕШКА Е ДОКОЛКУ СТАВРЕСКИ ЈА ЗАМЕНИ АКТУЕЛНАТА ГУВЕРНЕРКА БЕЖОВСКА

Премиерот Христијан Мицкоски би направил голема грешка доколку се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ