Friday, December 13, 2024
-0.2 C
Skopje

МАЛ АВИОН СО ТРОЈЦА ПАТНИЦИ СЕ УРНА ВО СЛОВЕНИЈА

Мал авион со тројца патници се урнал денеска во близина на фудбалскиот терен во населбата Ганчани во Белтинци, источна Словенија, соопшти полициската управа Мурска Собота. Според првичните информации, нема преживеани во несреќата, пренесува СТА.

Несреќата се случила околу 12 часот. Медиумите јавуваат дека авионот што урнал е „цесна“ на аеро-клубот Марибор. Во авионот требало да има четири лица, но едно од нив не се качило. Авионот требало да лета на релација од Марибор до Лендава (Прекмурје), а како веројатна причина за падот се споменува густата магла во тој дел на Словенија.

ОВАА НЕДЕЛА

МИЦКОСКИ : НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА ЌЕ ОПФАЌА ПОВЕЌЕ ОД 800 ПРОИЗВОДИ

Акцијата за новогодишната кошничка започнува од 15-ти декември, а...

ЛЕКАР И АДВОКАТИ „ШТЕЛУВАЛЕ“ МЕДИЦИНСКИ ИЗВЕШТАИ ЗА ДА НАПЛАТАТ ОСИГУРУВАЊЕ

Лекар од тетовската болница и двајца адвокати ќе одговараат...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ