МАЛОЛЕТНИЦИ ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО СО ВОЗИЛО ИЗЛЕТАЛО ОД ПАТОТ

0
129

– Во СВР Тетово е пријавено дека патничко моторно возило „смарт“ со тетовски регистарски ознаки управувано од малолетник од Челопек излетало од коловоз. Во несреќата, возачот и сопатникот во возилото, исто така, малолетник од Стримница се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

За два дена ова е втора сообраќајна незгода во која малолетници управувале возило и се повредени поради излетување. Во неделата околу 17:30 часот кај месноста „Орман“ кај Доброште, малолетник беше повреден управувајќи четирицикл.