МАЛИОТ АПАСИЕВ САКАЛ КОГА ЌЕ ПОРАСНЕ ДА БИДЕ ПРЕМИЕР – ЗА ДА И ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГРЦИЈА И БУГАРИЈА, ДА ГИ ИСТРЕБИ АЛБАНЦИТЕ И ДА ГИ СТРЕЛА КОМУЊАРИТЕ

0
1166

Левица денеска ја одби поканата од ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи кон опозицискиот фронт со цел да се порази власта на СДСМ и ДУИ.

„Жалам што раководството на Левица ја одбива подадената рака за обединување со опозицијата против неспособноста, против криминалот, корупцијата и против лошиот живот наметнати од власта на СДСМ и ДУИ“, објави на својот профил на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Дозволувам да верувам дека ова е можеби резултат на недостаток на политичко искуството на раководството на Левица. Впрочем, никој не побара од Левица да помогне да дојдеме на власт. Побаравме да се обединиме да го срушиме Заев, а фактите говорат дека дел од раководството на Левица има лична одговорност за носењето на коалицијата СДСМ/ДУИ на власт. Еве шанса да се поправи грешката која сите нас скапо нѐ чини. Да се обединиме во голем опозициски блок против СДСМ и ДУИ. Целта е коалиција против криминал и корупција, за вадење на Македонија од калта во која се наоѓа, за подобра економија, образование и здравство. Ние одиме по патот на рушење на овој корумпиран хибриден режим, дали Левица ќе биде дел од тој поход зависи од нив…“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Околу два часа претходно, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, преку својот профил на Фејсбук објави дека партијата не ја прифаќа „подадената рака за обединување на опозицијата“.

Апасиев пишува дека Мицкоски едно зборува на телевизија, а друго прави во реалноста. Тој споменува дека поради Мицкоски Левица имала двегодишна забрана да гостува на ТВ Алфа, дека „вмроидни медиуми“ со месеци воделе валкана кампања против Апасиев.

„Договара легализација на дивоградби со Заев во четири очи, во корист на урбаната мафија; аминува фингиран Попис, за вештачки демографски етно-инженеринг на Македонија; ќути на двојазично Собрание (и остава двајца пратеници да ја бијат битката со Џафери и ДУИ); прифаќа етницитет во лични карти, како да сме Руанда; прави кворум на Закон за државјанства, за косоваризација на МК (со цел да им се додвори на наци-фашистите од Алијанса); малициозно спрема покварени измени во Изборен законик, со снајперски оган насочен директно против Левица (фб-рекламирање)… И, кога после сѐ, идат анкетите пред Локални – гледа дека без Левица нема победа!? И ај си вика, ова дечиштава, ќе им фрлам коска, ќе ги омекнам!? Види вака друже. Скроз си ја зрешил сликата за нас. Политичкото рацио на Левица не е да донесе некого на власт! Политичкото рацио на Левица е да стане власт“, напиша Апасиев.