МАКТЕЛ открива МЕГА СКАНДАЛ со теренската проверка на гласачите: Активисти на ДПМНЕ инфилтрирани во анкетарите на ДИК ги прескокнувале ФАНТОМИТЕ и проверувале лица кои не се спорни!

0
447

Денеска во ДИК претставниците на СДСМ водат вистинска војна со режимските испостави во врска со прочистувањето на избирачкиот список по завршените теренски проверки.

Извор на Мактел, кој непосредно бил вклучен во теренската проверка вели дека “теренската проверка е бедна, само еден активист на ДПМНЕ оди по проверки и проверува лица кои со години не се спорни и живеат на иста адреса, а пријавените фантомски гласачи еднставно ги прескокнуваат и воопшто не одат на тие адреси иако уредно се пријавени фантомите и во ДИК и во општината“.

Во оваа насока, на целосна компромитација на теренската проверка на спорните гласачи од страна на ДПМНЕ, зборуваат и сомневањата на членот на ДИК од редовите на СДСМ, Игор Милев кој се сомнева во анкетарите кои во име на ДИК оделе на терен, бидејќи ниеден од нив немал потпишано договор или писмена изјава за соработка со ДИК, но според членот од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, ДИК ги имала имињата на секој еден од нив, а оние прашалници кои недостасуваат се поради тоа што при примопредавањето ниту раководителите на подрачните единици, ниту ДИК не ги пребројала.

Очигледна станува намерата на Груевски на изборите на 5 јуни заедно со Али Ахмети да си излезат со избирачки список полн со „фантоми“ кои во претходните изборни циклуси се имаат покажано како „сигурни поддржувачи на режимот“. Ова е уште една причина плус за тоа зошто опозцијата треба да ги бојкотира изборите се до моментото додека режимските полтрони и потчковци не престанат со ваквите перфидни игри за спас на Грујо и Мијалков.

По внесените податоци во електронската евиденција на Државната изборна комисија, од теренската проверка, расчистен е сомнежот за 40.817 гласачи, а останата бројка од 46.475 ќе се проверуваат повторно со помош на МВР.

Според извештјот на анкетарите кои ДИК денеска го усвои со 7 гласа „за“ и 2 гласа „против“, од вкупно 87.352 прашалници кои биле доставени до подрачните одделенија и канцеларии низ земјава, вратени се 87 074 прашалници, со што се констатира дека недостасуваат вкупно 282 прашалници.