МАКСО ЦЕЛА НОЌ СЛАВИ ПОБЕДА НА ПЛОШТАД СРЕДЕ КУМАНОВО СО КУМАНОВЦИ – НА ПРАШАЊЕ ДАЛИ ЌЕ КОАЛИЦИРА СО СОВЕТНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ БИДЕЈЌИ ЗА НЕГО ГЛАСАЛЕ И НА ЛОКАЛНИ ОДГОВОРИ ДЕКА НЕ ГИ ДЕЛИ ГРАЃАНИТЕ И КУМАНОВЦИ НА ПАРТИИ И ВЕРА

0
751

Сакам да се заблагодарам на сите кои што успеаа денеска да се одважат и да излезат на избори, да се заблагодарам за секој еден добиен глас, тоа е обврска повеќе за сите нас да работиме уште повеќе за Куманово. Оваа кампања, како што вели еден од моите луѓе во кабинетот, успеавме да победиме со еден лаптоп, еден фотоапарат и со многу голема граѓанска поддршка.

Неизмерно сум благодарен на сите кумановчанки и кумановчани, но и на сите граѓани на Македонија кои беа морална поддршка во оваа голема борба. Голема борба за наше Куманово, а во иднина голема борба за наша Македонија.

Ние сакаме заедно со граѓаните да продолжиме да работиме за нашиот град.

30 години се игра пинг-понг со граѓаните и народот на нашата држава.

Од Куманово отпочнале големи општествени промени во минатотот и ние таа навика на нашите претци ќе ја задржиме и ќе продолжиме со граѓаните да го градиме Куманово како поубаво место за живеење и да ја вратиме демократијата во политичките субјекти и во државата.

Од фејсбук профилот на градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.