МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ : ПОСТАВЕНИ 9430 ШТЕДЛИВИ ЛЕД СВЕТИЛКИ ➡ 82% ЗАШТЕДИ ВО ИНСТАЛИРАНА СНАГА ВО KW/h ➡ ОСВЕТЛЕНИ УЛИЦИ, ПАТИШТА И ЈАВНИ ПОВРШИНИ, 16 УЧИЛИШНИ ДВОРОВИ, 4 ПАРКОВИ И 6 ПАРКИНЗИ ➡ 4 ГОДИНИ КУМАНОВО СЕ МЕНУВА!

0
209

Во Куманово еден од клучните проблеми во минатото беше јавното осветлување на градот, особено изразено во населбите и руралните средини.

Ориентирани кон квалитет и заштеди, после низа анкети и истражувања во 2019 година пристапивме кон решавање на овој децениски проблем со договор за јавно приватно партнерство за осветлување на градот со штедливи ЛЕД светилки.

💡 9430 стари натриум светилки (вкупна инсталирана снага од 1263.9 KW/h) се заменети со нови 9430 штедливи ЛЕД светилки (вкупна инсталирана снага од 222.9 КW/h), со што се овозможени значителни заштеди во потрошувачката, подобар квалитет на светлина, модерен начин на управување и следење на дефекти.

📍 Проектот се реализира на територија на општина Куманово вклучувајќи го централното подрачје, приградските населби и руралните средини каде што постои техничка можност.

✅ Поставени се канделабри на градските плоштади, на Студена Вода и во централното градско подрачје.

✅ Поставено е надворешно ЛЕД осветлување во 16 училишта, на локалитет Спомен Костурница, во Градскиот парк, во Соколанскиот парк и на Градскиот кеј.

✅ Осветлени се и паркинзите кај поранешен Хотел Кристал и Хотел Куманово, кај ТППЕ Куманово, кај Зелениот пазар, паркингот кај Тинекс маркет и Катната гаража.

#КумановоСеМенува
#КумановоКаквоШтоГоСакаме
#ЗаНашеКуманово
#ЗборотЕЗбор

Фејсбук статус на градоначалникот на Куманово,  Максим Димитриевски.