МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ НА КАФЕ ДРУЖБА СО ПРОТИВ КАНДИДАТИТЕ ТЕОДОРА ДИМИТРОВСКА ДОМ/ЛДП, ТОНИ МИХАЈЛОВСКИ ВМРО-ДПМНЕ И БЕКИМ САЛИУ АА/А

0
1630
Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим
Димитриевски, попладнево се сретна со неговите против кандидати за
градоначалници Теодора Димитровска од ДОМ/ЛДП, Тони Михајловски на
ВМРО-ДПМНЕ и Беким Салиу од Коалиција Алијанса за Албанците и
Алтернатива.
„Куманово мора да продолжи да се развива! Ветувам дека по победата на
локалните избори ќе ги разгледам програмите на моите против кандидати и
добрите проекти ќе ги инкорпорираме во една програма која ќе значи
добробит за сите кумановци. Граѓаните заслужуваат подобар квалитет на
живот, понапредна општина, почисто и зелено Куманово. Ве повикувам на
31-ви октомври да го продолжиме патот кон европско и модерно Куманово!“,
рече Димитриевски.