МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ МУ ПОДАРИ КНИГА “THE SOUL OF MACEDONIA” НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИЗРАЕЛ ИЦСХАХ ХЕРЦОГ

0
456

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски е во официјална посета на Израел на покана на Градоначалник на Ерусалим Моше Лион како дел од MuniWorld конференција која се одржува во Ерусалим и Тел Авив.

Во рамки на посетата Димитриевски присуствуваше на свечен прием кај Претседателот на Израел Ицсхак Херцог при што му ја подари книгата “The soul of Macedonia”.”

Денеска имав можност на приемот кај Претседателот на Република Израел Н.Е. Ицсхак Херцог да му врачам подарок книга “The Soul of Macedonia” и да го претставам нашиот град Куманово, нашата култура, традиција и посебност.” истакна Димитриевски.

Конференцијата MuniWorld и саемот MUNIEXPO се фокусираат на урбани иновации, решенија за паметни градови, претприемништво, претставувајќи идеи и решенија кои се применливи за општините и деловните организации насекаде во светот.