МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ, КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА : ВЛЕГОВ ВО ТРКАТА ДА ПОБЕДАМ, А НЕ ДА УЧЕСТВУВАМ НА ИЗБОРИ

0
162
„Јас влегов во оваа борба да победам на избори, а не да учествувам на
избори и тоа ќе го сторам. Ако ме прашате како, исто како што тоа  го
сторивме во Куманово на локалните избори, со нови луѓе во политиката,
поддржани, со луѓе кои имаат искуство, со една нова енергија, бидејќи
мене Куманово  ме научи како да менаџирам. Јас едноставно само тоа сакам
да го спроведам на ниво на државата“, рече Максим Димитриевски,
Претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и негов кандидат за
претседател на државата на претстојните избори во емисијата Вин Вин на
Телма.
„Првенствено да се заблагодарам на сите, и таму каде што имало и еден
потпис и тоа многу значи, имаше буквално потписи во сите општини во
целата држава. Особено ми импонира делот, лично ме охрабрува што имаше
потписници и Македонци и Албанци и Срби и Роми и Власи и од сите етнички
заедници и јас се заблагодарувам на сите тие луѓе. Тоа е поттик за мене
оваа борба од мој аспект да биде уште почиста, поотворена и со вистински
решенија да излезам пред граѓаните и да ја барам нивната
поддршка“,додаде Диитриевски.
„Јас сум човек на 48 години којшто има богато политичко искуство како
партиципиент во органи и тела во една од најголемите партии во
државата,којашто беше државотворна партија, а сега во моментов е во
слободен пад, во безвоздушен простор и губи на сите нивоа, поради тоа
што дозволи да ја водат такви луѓе какви што ја  водат и да
импровизираат“, рече Димитриевски.
„Видете со државата  вие не можете да импровизирате. Тие создадоа систем
на вредности во државата кадешто секој граѓанин денеска е фрустриран и
дополнително смета дека ова е приватна творба и сопственост, акционерско
друштво на поединци. Ние мора тоа да го разбиеме“.
Во однос на кривичната пријава за злоупотреба на службена должност и
овластување Димитриевски појасни:
„Видете не ме изненадува оваа кривична пријава, не знам веќе која по ред
ми е. Секогаш во избори, пред избори, во кампањи. Јас се соочувам со
вакви постапки и ова е еден во низата обиди на актуелната политичка
гарнитура којашто владее со државата, повторно да се обиде да изврши
притисок и тоа воопшто не ме обесхрабрува. Јас сум човек којшто од
првиот мој ден како Градоначалник, а така планирам да работам и доколку
бидам избран за Претседател на државата, ќе работам исклучиво по закон.
Кога имате постапка кадешто ви се обраќаат јавни институции како на
орган на локална самоуправа, во  овој случај гимназијата „Гоце Делчев“
кадешто учат голем број на ученици и дополително школска амбуланта преку
Здравствен дом и бараат од вас, како орган на локална самоуправа, да го
штитите јавниот интерес, тогаш нема двоумење.

Јас сум должен да постапам.Сите активности од моја страна се преземени
согласно законот. Јас наоѓам фактичка состојба и мора да постапувам и
камо среќа да се случи да бидам обвинуван за вакви дела кадешто го
штитам јавниот интерес и не дозволувам во градот да се создава урбан
хаос со вакви градби. Јас како градоначалник на Општина Куманово од
првиот мој ден се борам со урбаниот хаос којшто е создаден во градот и
наидувам на сериозни потешкотии“, рече тој.
Зборувајќи за позицијата на политичката сцена, Димитриевски потенцира
дека:
„Јас воопшто не се чуваствувам десно во делот на патриотизмот. Јас само
се однесувам искрено, како и сите останати граѓани.Во делот н десната
реторика којашто се употребува повремено, тоа е само еден соодветен
реципроцитет на сите оние обвинувања коишто доаѓаат  од надвор, а во
одредени моменти и од внатре. Бидејќи имаме право како граѓани на
реципроцитет. Инаку, моите политики во однос на социјалните политики,
дури делумно и во однос на економските политики се лево. Но моето
сфаќање е дека за да помогнете некого со социјална помош, со пари од
граѓаните, истиот треба да вложи одреден труд за тоа што го добива.
Зашто инаку создавате еден систем на неработници. Ги делиме парите на
сите и со тоа купуваме  не само социјален мир, туку и партиска
послушност“.
Сектор за односи со јавност
Движење ЗНАМ-ЗА наша Македонија