МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ : ДЕЦАТА КОИ ГИ УЧИМЕ НА ВИСТИНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ СЕКОГАШ СЕ ИЗГРАДУВААТ ВО СИЛНИ И ОДГОВОРНИ ЛИЧНОСТИ

0
924
Почитувани,
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информираше дека
во текот на вчерашниот ден, учениците од основните и средните училишта
од Куманово со различни активности се вклучија во големата еко акција по
повод Денот на пролетта и екологијата 21 март.
„Големо браво за учениците од основните и средните училишта во Куманово
кои во огромен број на различен начин се вклучија во големата еко акција
по повод Денот на пролетта и екологијата 21 март на ниво на целата
општина. Горди сме на Вашата мотивација, еколошка свест и посветеност за
зачувување на животната средина.

Децата кои од најмали нозе ги учиме на вистински вредности, за грижа кон најблиските и пријателите, за одговорно учество во општественото живеење и за грижа кон животната средина секогаш се изградуваат во силни и одговорни личности. Упатувам голема благодарност до наставниот кадар и сите учесници во

воспитно-образовниот процес кој секојдневно неуморно се трудат да
создадат образована и одговорна младина која е гордост на нашата држава
и нашиот народ“, рече Димитриевски.
Со почит,