Sunday, May 18, 2025
8.8 C
Skopje

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ВО СТРУМИЦА: ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ПАРТИИТЕ Е ПРЕДУСЛОВ ЗА ДЕМОКРТСКО ОПШТЕСТВО

Претседателот на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски во
рамките на кампањата „Заедно повеќе знаеме“ со дел од раководството на
ЗНАМ и пратеникот Миле Цеков беше во Струмица кадешто се сретна со
општинското раководство и членовите на партијата од овој град.

Тој притоа  изјави дека е чест да се биде со сопартијците во Струмица, во

рамките на проектот кој што го промовираат како нова политичка партија –
Движење ЗНАМ за Наша Македонија.

„Овој проект има две цели: во прва фаза да се сретнеме со нашите членови
  и со општинските раководства на партијата, да оствариме средби, да
поразговараме на повеќе теми, во делот на организациската поставеност на
партијата на локално и на регионално ниво, а дополнително и за
подготвување на тимови  коишто веќе во втора фаза  ќе разговараат
директно со граѓаните и  заедно со граѓаните ќе ја оформиме нашата
предизборна програма“, рече Димитриевски.„Целта на ЗНАМ е на овие избори да настапи со кандидатски листи за
советници во сите општински огранизации кадешто ги имаме и секако
дополнително со свои кандидати за градоначалници, за коишто веќе
разговараме  со нашите владини партнери за взаемна поддршка на самите
кандидати во тие општини  кадешто ЗНАМ ќе има свои кандидати и
дополнително тие ќе имаат свои кандидати “, додаде тој и рече дека до
крајот на месец мај ќе и соопштат на јавноста каков ќе биде епилогот од
тие разговори.„Она што за нас е многу побитно дека ЗНАМ е партија којашто се роди и е
резултат на еден граѓански активизам, се роди од граѓаните. Сакаме да
продолжиме заедно со граѓаните да ги креираме нашите политики на локално
ниво, а дополнително да ги спроведуваме нашите добри и позитивни пракси
коишто ги имаме во сите локални самоуправи кадешто ЗНАМ дефинитивно го
води и мнозинството и менаџирањето, каков што е случајот со општината од
кадешто јас доаѓам, Општина Куманово.

Нашата цел е да бидеме крајно транспарентни, да дадеме можност за една
широка внатрепартиска демократија првенствено, бидејќи  без демократска
политичка партија не можете да имате демкоратско оптшество“, потенцира
Димитриевски во Струмица, каде што беше во посета како дел на кампањата

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

И АРБЕН ФЕТАИ ГО НАПУШТИ ТАРАВАРИ: ОВА НЕ Е БОРБА ЗА ПОЕДИНЕЦ, ОВА Е БОРБА ЗА ДОСТОИНСТВО

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и висок...

ВИТКОФ: ОЧЕКУВАМ УСПЕШЕН РАЗГОВОР МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН

Главниот преговарач на американскиот претседател Стив Виткоф, кој работи...

ХАЈРЕДИНИ: ГОЛЕМА ГРЕШКА Е ДОКОЛКУ СТАВРЕСКИ ЈА ЗАМЕНИ АКТУЕЛНАТА ГУВЕРНЕРКА БЕЖОВСКА

Премиерот Христијан Мицкоски би направил голема грешка доколку се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ