МАКРОН : КОНФЕРЕНЦИЈАТА ВО ПАРИЗ ЌЕ ИМ ПОМОГНЕ НА УКРАИНЦИТЕ „ДА ЈА ПОМИНАТ ЗИМАТА”

0
308

Францускиот претседател Емануел Макрон нагласи дека денешната меѓународна конференција за помош во Париз има за цел да му помогне на „украинскиот народ да ја преброди оваа зима”.Тој рече дека фокусот е на обезбедувањето краткорочна помош со оглед на обидите на Русија да „сее терор” во Украина со „кукавичко” бомбардирање на цивилната инфраструктура на државата.

Во Париз денеска се одржува Меѓународна донаторска конференција за мобилизирање помош за Украина и нејзината инфраструктура, уништена од руската војна.На конференцијата ќе учествуваат околу 70 земји, меѓународни организации и Европската унија.Целта е да се координира итна помош во областа на енергијата, транспортот, земјоделството и здравствената заштита.