Monday, March 24, 2025
15.8 C
Skopje

МАКРОН ГО ЗАКОПА ТРАМП: УКРАИНА ТРЕБА ДА СЕ ОБЕСШТЕТИ И ТОА ОД ЗАПЛЕНЕТИТЕ РУСКИ ПАРИ ШИРУМ СВЕТОТ БИДЕЈЌИ ТИЕ СЕ АГРЕСОРОТ!

„Ја поддржувам идејата дека Украина мора да добие обесштетување затоа што тие изгубиија голем број од своите граѓани и беа цел на уништување од сите тие напади. За сето тоа мора да има обесштетување, но не од Украина, туку од Русија бидејќи таа беше агресорот“, рече Маркон во Овалната соба

„Ако верувате во тоа, тогаш јас немам проблем со тоа. Но тие (Европа) си ги добиваат парите назад, а ние не“, рече американскиот претседател во размената на ставови со својот француски колега околу прашањето кој треба да плати за обновата на Украина.

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот франуски колега Емануел Макрон денеска се сретнаа во Белата куќа, состанок кој се совпадна со тригодишнината од руската инвазија на Украина.

Украина беше и во фокусот на разговорите на двајцата претседатели, по новиот тек што ги добија настаните по американско-руската иницијатива за ставање крај на војната чии контури ги исцртаа високи претставници на двете земји, на минатиотнеделниот состанок во Ријад, Саудиска Арабија, а уследија по телефонскиот разговор меѓу Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин.

Прашањата што се отворија по овие настани доминираа и во изјавите за медиумите што Трамп и неговиот француски колега ги имаа пред новинарите, кои во два наврати можеа да слушнат што имаат двајцата лидери да кажат на оваа тема – еднаш во Овалната соба, пред официјалната средба и на прес-конференцијата по неа.

Во Овалната соба, меѓу прашањата за кои стана збор беше и кој треба да плати за обновата на Украина.

Овде американскиот и францускиот претседател, разменија спротивставени ставови.

Маркон рече дека Украина мора да добие помош за обновување на земјата, но за неа, како што кажа, треба да плати Русија.

ОВАА НЕДЕЛА

ПРЕГАЗЕНИ ЖЕНА И ДЕТЕ НА ВЕЛОСИПЕД НА ПЕШАЧКИ НА ПАРТИЗАНСКА

Попладнево се случи нова сообраќајка во Скопје. Според првичните...

ХОРОР ВО ВОЛКОВО : КИРАЏИЈА ГО УБИЛ ГАЗДАТА, ГО ЗАСТРЕЛАЛ НЕГОВИОТ СИН А ПОТОА СЕ САМОУБИЛ

Според нашите извори, непосредно по пукањето, убиецот си го...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ