Макрадули: Оваа година имаме помалку загадени денови, работиме согласно интересот на граѓаните

0
126

Заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули уверува дека во Македонија е намален бројот на загадени денови во однос на минатото и се работи на решавање на проблемот со аерозагадувањето.

„Во 2015/16 година е увезена најголема количина на отпад. Во Северна Македонија не може да увезете отпад за да го складирате. Сега количините се драстично помали и повеќе се извезува отколку се увезува. Ние мора да изградиме систем за враќање на доверба во институциите. Гарантираме дека работите одат легално согласно интересот на граѓаните. Во европските земји има скоро 500 објекти кои од отпадот произведуваат топлинска или електрична енергија. Оваа година имаме помалку загадено денови и наша цел е до 2024 година да не постои јавна институција која ќе загадува. Знаете дека минатата година не почна школската година поради загадениот воздух, после долго време мерните станици работат“, вели Макрадули.