МАКЕДОНЧЕТО ЧЕКА РЕДИЦИ ОД КОЛОНИ ВОЗИЛА ОД 45 МИНУТИ НА БОГОРОДИЦА, ДОЈРАН, МЕЏИТЛИЈА И ТАБАНОВЦЕ

0
116

На граничните премини Богородица, Дојран, Меџитлија и Табановце има зголемена фреквнција за излез од државата, времето на чекање е околу 30 – 45 минути, информираат утрово од АМСМ.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.