Thursday, July 10, 2025
14.8 C
Skopje

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН БИЛ СО УБОДНИ РАНИ УБИЕН НА ГРОБИШТА ВО ГЕРМАНИЈА

Безживотното тело на македонски државјанин е пронајдено минатата недела на гробишта во Бремен, а бидејќи по телото имало убодни рани, веднаш било јасно дека несреќниот маж бил жртва на убиство.

Набрзо било утврдено дека Имер Д.(40), кој ѝ бил од претходно познат на полицијата, бил убиен бидејќи ја демнел својата поранешна партнерка со која има дете, објави Билд. Посетителите на гробиштата го пронашле неговото тело во локва крв меѓу гробовите и веднаш повикале полиција. Во текот на викендот, полицијата соопшти дека Имер починал од, најверојатно, убодни рани.

Соседите велат дека Имер постојано ја демнел поранешната партнерка.

„Сите овде имаа проблеми со него, никој не го сакаше“, велат соседите.

Наводно, убиениот државјанин на Македонија во последно време спиел на гробишта.

„Тој спиеше под покривот на капелата на гробиштата околу три недели“, рече еден локален жител, додавајќи дека капелата е веднаш спроти гробот на бабата на неговата поранешна сопруга.

Полицијата се уште трага по убиецот на Имер. Тие ги повикаа сите граѓани кои имаат некаква информација за убиениот, или за тоа што се случило на гробиштата во четвртокот да се јават.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОРНО АКТЕРКАТА КОКО БАЕ ОТКРИ КОИ МАЖИ НАЈДОБРО ЈА ПЛЕСКАЛЕ А КОИ БИЛЕ НАЈЛОШИ

Коко Бае, ѕвездата од филмовите за возрасни, ја разврани...

НЕОФИЦИЈАЛНО КЕТИ СТЕВАНАНЏИЈА ОД РЕДОВИТЕ НА СДСМ ЌЕ БИДЕ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА ВО ПРИЛЕП

Неофицијално според информации до кои дојде редакцијата на ,,Народен...

ХЕРОЈСКА АКЦИЈА ВО СТЕНКОВЕЦ: Д-Р ВИКТОР ГРУЕВ И ТИМОТ НА ЈП ЛАЈКА СПАСИЈА НАД 30 КУЧИЊА ОД ПОЖАР

Докторот по ветеринарна медицина Виктор Груев денеска покажа што...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ