Група од десетина граѓани кои се идентификуваат како македонски Бугари денеска ја одбележаа 97-годишнината од смртта на Мара Бунева со положување цвеќе на спомен-плочата поставена во нејзина чест на кејот на реката Вардар, во центарот на Скопје. Настанот започна со панихида во црквата „Св. Димитрија“, по што учесниците се упатија кон спомен-плочата. Покрај плочата, тие поставија и слика на Мара Бунева, оставија цвеќе и се фотографираа заедно, по што се разотидоа.
Мара Бунева (1902-1928), родена во Тетово, на 14 јануари 1928 на кејот на Вардар во Скопје извршила атентат врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ и потоа се самоубила.